Вонбрачната ќерка на Жељко Ражнатовиќ, Софија Ражнатовиќ оваа година беше спречена да дојде на поменот на нејзиниот татко.
Имено, како што откри не успеала да присуствува поради целата ситуација со коронавирусот.
Таа испратила мејл до редакцијата на курир.рс истакнувајќи дека секогаш ќе го носи во срцето и дека многу и недостига.
„Често мислам на татко ми Жељко. Оваа година бев спречена да присуствувам поради целата ситуација со коронавирусот. Не беше паметно да доаѓам поради пандемијата“, напишала Софија и го спомнала своето семејство во Белград.
„Се надевам дека моето семејство е добро и дека се’ е во најдобар ред и дека успеале да го пронајдат мирот после сите овие години. Поминаа 21 година и време е сите да продолжиме со своите животи. На сите им посакувам среќа и успех, а мојот татко засекогаш ќе живее во нашите срца“ пишува Софија во мејлот.
Потсетуваме, на 15 јануари се навршија 21 година од смррта на сопругот на Цеца, Аркан.