Пејачката Аријана Гранде пред еден месец започна врск со актерот Пит Дејвидсон, а сега во медиумите се појавија гласини дека младиот пар ќе заплива во брачните води.
Како што истакнуваат нивните пријатели, тие се забавуваат само неколку недели. Меѓутоа, тоа не е причина нивната врска да ја крунисат со брак.
Пејачката на својот профил на Инстаграм сподели неколку интимимни фотографии од својата врска.
Изворите откриваат дека тоа било љубов на прв поглед, интезивна и обострана. Младиот актер Пит не ги потврди гласините, но на социјалните мрежи се појави фотографија од пејачката која на раката има дијамантски прстен.