Радио Милева
простување на најблиските

„Ќе ти се придружам еден ден за да остариме заедно“ – последен поздрав од сопругата Гоца за Шабан (ФОТО)

„Ќе ти се придружам еден ден за да остариме заедно“ – последен поздрав од сопругата Гоца за Шабан (ФОТО)

Семејството на Шабан Шаулиќ се уште е во шок по трагедијата која ги снајде.

Од својот сопруг и татко се опростија и неговите деца и сопруга чии зборови ќе ви го скршат срцето.

„За мене ти си на еден далечен пат, каде како и секогаш ќе ти се придружам еден ден, за да остариме заедно. Од бескрајна гордост до неизмерна болка во срцето и душата, твојата Гоца“ –  стои во некрологот со кој се прости од својот животен сопстник со кој беа заедно 43 години, неговата сопруга Гордана.

Трите деца на Шабан исто така со потресни зборови се простија од својот татко.

„Наш единствен, сакан. Горди сме што сме твој деца. Зборови, болка, љубов…Остануваш засекогаш во нашите срца и души. Твоите Санела, Илда и Михајло“.

Освен заедничкиот последен поздрав, децата на пејачот му упатија и посебни последни зборови заедно со нивните семејства.

Инаку вчера сопругата и ќерката на пејачот се уловени во нивниот двор бледи, изнемоштени и скршени од болка облечени во црно, додека другата негова ќерка и син веднаш се упатија кон Германија по неговото тело.

Фото: Телеграф.рс/ А.Налбантјан

Останати вести од Радио Милева