Радио Милева

Ќе се снима филм за убиената Јелена Марјановиќ, а еве која позната пејачка ќе го глуми нејзиниот лик

Ќе се снима филм за убиената Јелена Марјановиќ, а еве која позната пејачка ќе го глуми нејзиниот лик

За неколку месеци започнува снимањето на серијата „Пејачка“ која е инспирција од животот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ.

Како што пишува ало.рс, Милица Павловиќ ќе ја игра главната улога, односно ќе се најде во кожа на Јелена.

фото: рас србија

Пред неколку дена и била понудена главната улога, а кога се појавила на пробата сите биле воодушевени од нејзиниот талент.

„Милица никогаш не размислуваше да се занимава со глума, иако е талентирана. Кога доби понуда да дојде на кастинг, беше изненадена, но одлучи да се проба бидејќи ги сака предизвиците. Со оглед на тоа што ситуцијата е така што не може да настапува, одлучи да ја прифати понудата и дојде на проба“, вели извор за ало.рс и додава дека режисерот бил  воодушевен од нејзиниот талент.

„Милица се изненади и самата себе, а режисерот и продуцентот беа фасцинирани. По читање на неколку реда од текстот, тие знаејаа дека Милица е вистинската личност за ликот на Јелена Марјановиќ. Малку и потсетува на неа, а пред е талентирана пејачка“, вели соговорникот.

фото: Принтскрин/инстаграм

По неколку дена, на Павловиќ и било јавено дека ја добила улогата. Снимањето на серијата ќе започне кон крајот на годината.

Младата пејачка ги потврди овие информации.

„Морам да ви признам дека сум многу еуфорична и возбудена бидејќи станав дел од екипата „Пејачка“. Секако, ме годи што талентираниот Гага Атонијиевиќ ми укажа доверба и ми даде серизона улога, а јас ќе дадам се’ од себе да ја опрвадам довербата.

Милица не откри повеќе детали за нејзината улога, но истакна дека сценариото е многу возбудливо и со многу преокрети.

To top