Мегафон

Ќе се снима биографски филм за „кралот на попот“ – Мајкл Џексон

Ќе се снима биографски филм за „кралот на попот“ – Мајкл Џексон

Се подготвува нов биографски филм за Мајкл Џексон, а овој проект ќе го води Греам Кинг кој го продуцираше биографскиот филм за групата „Квин“, „Боемска рапсодија“.

Претстојниот филм наречен „Мајкл“ се снима со благослов на семејството и извршителите на имотот на Мајкл Џексон. Сценариото го напиша Џон Логан (автор на „Гладијатор“ и „Скајфол“), кој претходно работеше со Кинг на филмот „Авијатичар“ на Мартин Скорсезе (2004). Џон Бранка и Џон Меклејн, ко-извршители на имотот на Џексон, ќе го ко-продуцираат филмот  заедно со Кинг, кој првпат го запознал семејството Џексон во 1981 година.

To top