Многу познати личности избраа различни имиња за јавноста, со цел да бидат позвучни и поприфатливи за публиката.
Уште откако Минимакс и го даде прекарот Лепа Брена на Фахрета Јахиќ во средината на 1980-тите, започна трката на балканската естрада за да се најде позвучен и пооригинален псевдоним.
Вистинското име на Ана Бекута е Гордана Надежда Полиќ. Своевремено, на Ана и се обраќаа како Гордана, а потоа го смени името и во во Надежда, бидејќи во тоа време имаше четири Нади на српската естрада.
Фунтињора Фунта Лунга е вистинското име на Изворинка Милошевиќ. Сите го знаат славниот водител под прекарот Жика, но вистината е дека неговото вистинско име е Саша.
На почетокот на музичката кариера, по совет на менаџерот и издавачката куќа, Ален Исламовиќ одлучи да користи уметничко име што звучи попривлечно за публиката. Кога се случи подемот на Divlje Jagode, групата во која пееше Исламовиќ, челниците дојдоа до идеја Алија да биде Ален.
Во 2017 година, Исламовиќ потврди дека неговото вистинско име е Алија.
– Тоа е точно. Нема ништо чудно во тоа, многу светски ѕвезди избираат друго име со кое се претставуваат јавно, најчесто некое што звучи попримамливо. Истото беше и во мојот случај, рече пејачот.