Во февруари, Емина Јаховиќ изјави дека се разведува од Мустафа Сандал, а во јуни и официјално стави крај на бракот.
Оттогаш, српските и турските медиуми често пишуваат дека Емина е во нова љубовна афера со турскиот милионер Садатин Саран.
Пред два месеци, Емина започна тајна врска со турскиот милионер Саран, а оваа врска ја открија турските медиуми.
Турските медиуми исто така пишуваат дека се сомнева дека Јаховиќ го изневерила Мустафа со Саран додека биле во брак.
Кога Мустафа дознал за љубовната афера на поранешната сопруга, се јавил на братот на Емина и се заканил дека ќе ја остави без дом.
Мустафа и оставил куќа на Емина во Истанбул, но доколку потврди дека сопругата го изневерувала ќе ја остави без куќа.
„Ќе и ја одземам куќата и ќе ја намалам алиментацијата доколку потврдам дека ме изневеруваше во бракот“, викал Мустафа на состанокот со адвокатот и братот на пејачката.
Аферата на пејачката и милионерот е откриена во Германија каде тајно се состанувале.