Зорана Павиќ со тешко срце се прости од нејзината пријателка Исидора Бјелица која почина од карцином, а по поминувањето на 40 дена од нејзината смрт, нејзината пријателка Зорана одлучи да и ја исполни последната желба и да направи забава.
Самата Бјелица пред смртта побарала од Зорана да организира забава, а сега Павиќ ќе и ја исполни последната желба, па така организира прослава за блиските пријатели и соработници која ќе одржи викендов на еден имот надвор од Белград.
„Бела бајка за Исидора“ ќе биде последниот поздрав за авторката, а по желба на Бјелица гостите ќе бидат облечени во бело.
Потсетуваме, само еден ден по нејзината смрт, Павиќ ја објави пораката која и испратила Исидора, а во која вели дека кога ќе замине да и организираат забава со добра музика и бел дрес код.
Инаку, сопругот на Исодора, Небојша Пајкиќ неодамна истакна дека нема да се противи на таа забава, но дека нема да учествува.
„Нас не не интеренсира таа забава, на Зорана и објаснив дека нема ништо да забраниме, но не ни е во интерес да ја правиме“ изјави Пајкиќ.