Ретро фотографиите и видеата понекогаш се чудо. Не само што не враќаат во минатото, во годините на младоста и лудоста, туку и не потсетуваат дека некогаш сме имале храброст да правиме работи што денес не би се осмелиле ни да ги гледаме на видео, кога некои други ги прават! Ама тоа е младоста…
Едно такво ретро адреналинско видео сподели познатиот српски музичар и композитор, актуелен „фраер“ и од жирито на најгледаното регионално, музичко шоу за таленти, „Ѕвездите на Гранд“.
Снимка е стара повеќе од две децении, кога тој ги посетил познатите Викториини водопади и скокнал од височина од 120 метри.Тогаш имал долга коса и беше многу помлад, а како што на шега изјави, видеото е морничаво од две причини: Првата е неговата фризура, а втората е височината од која скока“.
Ако се’ уште не ви текнува кој е, ние ќе ви откриеме дека во прашање е Александар Милиќ – Мили.
Погледнете го видеото со неговиот адреналински шок-скок:
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/miligramofficial