Ако убаво се загледате во насловната фотографија на која таае сликана на тригодишна возраст, ќе видите дека основните црти и главниот израз на лицето ги има и денес. Едноставно, она што мајката природа го дала, колку и да се менува со возраста, е вечна одлика. Младешкиот „бејби фејс“ изглед кај неа пак, уште повеќе придонесува да нема евидентни и драстични разлики во основните црти на физикусот. Заоблените румени обравчиња, изразените крупни и впечатливи зелени очи и истакнатите „гајтан веѓи“ се оние нешта по кои и тогаш и денес нејзиниот лик е препознатлив.
Иако откако се породи, стана мајка и на свет го донесе синчето Вања, таа последнава година работата, поточно, ревиите, рекламите и фотосесиите ги стави во втор план.
Сепак и натаму е во фокусот на интересот и на на социјалните мрежи и на медиумите. Особено откако полека и се враќа на својата професија, по која стана позната кај нас, ама и во светот.
Во моментов Катарина Ивановска одново е на сет. На фотосесија на егзотична дестинација надвор од македонија. Ја работи својата најнова фотосесија на еден од преубавите грчките острови – Парос. Иако времето не е најсоодветно за снимање по куси ракави, работата си е работа. Па како што секоја професија има своја цена, има и своја „колатерална штета“.
Овој пат таа се вика „смрзната убавина“… И тоа во секоја смисла на зборот. И заради временските прилики и заради македонската убавица, во работна атмосфера наспроти нив!