Пошироката македонска јавност ја запозна како девојката која прва која „го скрши мразот“ уште во 2005-та година во тогаш регионалнот „Идол“ како музичко натпреварување на таленти од Србија, Црна Гора и Македонија. Малата велешанката Нона Неделковска и себе си, но и на сите останати прва им го „трасираше патот“, им ги „отвори вратите“ на македонските пејачи за учеството во едно регионално музичко талент шоу, во еден натпревар во кој и не мора да победиш, а можеш да станеш вистинска ѕвезда. Регионална или барем домашна! Оттука натаму се е добро познато, музичка историја…
Но, само малкумина знаат кога и како Ноне започнала да пее? Како изгледала како мала, на кој фестивал како девојченце се појавила и која песна тогаш ја пеела?
Десет години пред да стане нашироко позната и славна, во далечната 1995-та година на најреномираниот и најстар македонски детски музички фестивал “Златно славејче” на сцената ќе се појави едно мало симпатично, буцкасто русокосо девојченце, кое ќе пее за смелите каубои.
Облечено соодветно и препознатливо според темата за која и пееше, срамежливо ќе излезе на сцената и смело ќе ја отпее својата песничка – „Каубои смели“.
Настап кој ќе и ја поттикне желбата подоцна да се сроди со сцената, ќе го разбуди во неа чувството за естрадата, за едно поинакво пеење, настапи, снимање песни во студио, хитови, албуми, видеоспотови, фестивали, турнеи во и надвор од Македонија…
Како изгледаше нејзинта прва средба со публиката, големата сцена, песната, нејзината изведба и кореографија…
Погледнете како потсетување на нејзиниот настап на „Златно славејче 95“ во „Универзалната сала“ во Скопје, во продолжение: