Радио Милева мошне сериозен...

Ќе го препознаете ли ова дете, денес е македонска музичка легенда: „Кој се насмее ќе јаде ќотек!“ (ФОТО)

Ќе го препознаете ли ова дете, денес е македонска музичка легенда: „Кој се насмее ќе јаде ќотек!“ (ФОТО)

Времето ги менува луѓето, годините сите не трансформираат во секој поглед… И како личности, но најмногу физички. Многумина не можете да ги препознаете како изгледале како деца или момчиња, или пак обратно – кога ќе ги видите нивните некогашни фотографии нема шанси да препознаете за кого се работи.

Ова момче кое можеби некои и веднаш го препознаа, денес е вистинска македонска музичка легенда. Музичар, композитор, автор, клавијатурист или поточно мултиинструменталист… Долги години вработен во Музичко-касетната продукција на МРТВ, член и повремен диригент на Танцовиот оркестар, но најмногу познат по неговата кариера како еден од членовите на најголемата македонска џез/рок група на сите времиња – „Леб и сол“.

Мајстор и виртуоз зад клавијатурите, композитор и аранжер, концерт мајстор автор на некои од култните композиции на бендот… Еден од најголемите и најпознатите македонски музичари на сите времиња, вистинска македонска музичка легенда. Или поедноставно кажано Кокан Коко Димушевски.

Фотографијата која Коко ја споделил на својот Фејсбук датира од неговите училишни денови. Дотеран, стокмен, серизоен, вистинско примерно дете. Настрана што тој самиот „не си се бендисува“ или ептен се бендисува, па на сите што ќе се насмеат кога ќе налетаат на фотографијата им порачал:  „Кој се насмее ќе јаде ќутек!“

Коментарите „фрштат“, а некои од најинтересните се како овие подолу, на пример:

„Ко да те терале хармоника да вежбаш“; „Лепотан… Дотеран ко за на доктор“; „Мајсторе, оргинал главна ролја во Сиви Дом“…

Кој знае дали после ова некој „ќе јаде ќутек“ или со задоволство ќе мези  и пие од ликот од фотографијата?!

Фото: Фејсбук принтскрин/Kokan Dimushevski

To top