Фановите на серијата „Јужни ветар“ во новото продолжение би можеле да ја гледаат Ана Николиќ.
Ана би требало да ја глуми љубовницата на Милош Биковиќ кој во „Јужни ветар“ ја игра улогата на Мараш.
„Сценариото за вторata сезона одамна е напишан и се чека да се стекнат услови за снимање. Освен новите заплети и новите ликови, ново е тоа што продуцентите се во преговори со Ана Николиќ бидејќи сакаат таа да глуми во продолжението“ вели извор близок на продукцијата и открива која би била улогата на Николиќ.
„Во новата сезона акцентот ќе биде ставен на односот на Мараш со неговата девојка која ја игра Јована Стојиљковиќ. Иако на крајот од првата сезона успеајаа да го поправат турбулентниот однос, сепак нивното смирување ќе трае кратко. Поточно, ликот на Ана Николиќ треба да ги „помрси конците“ меѓу Мараш и мајката на неговиот син“ открива изворот и додава:
„Ана би требало да биде пејачка во која се заљубуваат многу моќни мажи. Меѓутоа, по случајната средба со Мараш, таа одлучува да запо чне врска со него. Нивниот однос ќе биде турбулентен и преполн со пресврти“.
Соговорникот потенцираше дека на Николиќ и се допаѓа сценариото.
„На Ана и се допадна продолжението на „Јужни ветар“, а посебно и се допаѓа улогата и мисли дека одлично ќе се снајде. Не и недостига ентузијам и амбиции да се покаже и како актерка. Единствено нешто што може да ги расипе плановите се нејзините професионални и приватни обврски. Се уште не се знае дали Ана ќе ја прифати улогата или не. Доколку успее да го организира времето и обврските, нема сомнеж дека публиката со нетрпение ќе чека да ја види на малите екрани“ вели изворот.