Секоја година на 31-ви октомври во голем број земји се слави празникот „Ноќта на вештерките“, а овој глобален тренд на маскирање од година во година станува се поактуелен и кај нас.
Дел од познатите Македонци решија да се забавуваат за овој ден, па без оглед на возраста ја активираа својата фантазија и имагинација, преобразувајќи се во разни страшни ликови и суштества.
Пејачот Стефан Филиповски пред излегување во град ја овековечи својата маска со една фотографија во огледалото и ја објави на својот Инстаграм со опис дека е ѕверот од „Убавицата и ѕверот“ ама во овој кадар беше некомплетен – му фалеше убавицата.
И ТВ водителката Елена Стефановска не го заобиколи трендот на маскирање, но таа не се одлучи за некоја страшна маска, туку напротив, сакаше да биде самовила, магична и нежна, па со својата моќ да им се спротивстави на злите сили.
Бидејќи е патник низ светот во могу земји каде овој празник не се заобиколува, за Ноне Неделковска маскирањето за „Халоувин“ на 31-ви октомври е задолжително за да се прилагоди кон опкружувањето и секако да се забавува.
Годинава таа се одлучи да биде зомби, а нејзината маска е толку успешна што тешко би ја препознале.
И младата и талентирана пејачка Мартија Станојковиќ се потрудила одлично да ја реализира замислата на својата маска. Таа минатата ноќ се забавуваше маскирана во „Bratz dolls“.
Инаку, „Ноќта на вештерките“ денес се вбројува меѓу најпопуларните и најкомерцијализираните пагански празници од глобални размери, а иако црквата ваквиот обичај го карактеризира како пагански, младите ширум светот одлично се забавуваат.