Кога станува збор за постарите фотографии кои ќе ги најдеме во нашите албуми секогаш нè потсетуваат на некое убаво време и будат сеќавања.
Така беше и со македонската пејачка Тамара Тодевкса која пребарувајќи по албумот пронајде фотографија од пред неколку години која ја врати во младоста.
На својот Инстаграм во кратките приказни Тодевска објави фотографија, заедно со нејзината пријателка, македонскиот модел, Катарина Ивановска.
Фотогорафијата е настаната во нивната младост пред да се реалзираат како мајки.
Тамара денес важи за еден од подобрите вокали на музичката сцена, во брак е со Александар Димитрoвски со кого ја има ќерката Хана, а наскоро ќе станат родители и на нивното второ дете.
Од друга страна, Катарина е еден од најангажираните македонски модели, која заедно со сопругот Цобе уживаат во улогата на родители на Вања.
Еве како некогаш изгледаа Тамара и Катарина.
Инаку, Тамара и Катарина важат за добри пријателки, па често може да ги видиме на заеднички дружби.