„Нема да ти пишувам за тоа низ што се ќе поминеш во наредните 25 години, бидејќи нема да ми веруваш. Тоа не може во едно писмо да се собере. Затоа и постои оваа книга. Бесмислено е да ти пишувам колку подеми и падови ќе доживееш на патот кој сам си го избра. Кога би знаеле, многумина би се откажале. Затоа и не можам да ти опишам колку човек добро се чувствува кога ќе ги оствари своите детски соништа. Нека ова биде почеток на твојата приказна. А сега читај ја мојата“.
Токму вака Кире Лазаров ја започнува својата автобирографија. Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна. Патувањето од Свети Николе до Нант е опишано на интересен начин со бројни анегдоти и лекции кои ќе бидат водич за новите генерации. Книгата која го носи насловот „Секогаш на победа“, ја доживеа и својата промоција.
Книгата беше промовирана во Скопје пред очите на ракометната фела и многу други еминентни гости.
Свој коментар и поддршка дадоа и Филип Лазаров, Веселин Вујовиќ и Столе Стоилов.
Светот го познава како убедливо најдобрата светска седумка. Сите знаеме што Кире направи за Македонија и за овој наш спорт, но никој не знае како го направил тоа и како се уште го прави истото. Едно е реалноста која ние ја гледаме, а друго вистина која Кире ја преживува додека ја има топката во рацете. Неговата цел е успех. Неговата цел е да води еден голем клуб, но спремен е да уште една жртва, затоа што вреди да се бори. Тоа е неговиот живот. Секогаш на победа…!