Радио Милева

Кијану Ривс планира да ја запроси својата избраничка за која доби многу критики

Кијану Ривс планира да ја запроси својата избраничка за која доби многу критики

Актерот Кијану Ривс и неговата избрана Александра Грант се сигурни во својата љубов и сè оди кон тоа својата врска да ја подигнат на повисоко ниво.

На почетокот на летото, актерот се пресели во Берлин, каде го снима долгоочекуваното четврто продолжение од франшизата ‘Матрикс’, а деновиве завршува снимањето на споменатиот филм.

Познато е дека причината за широката насмевка на лицето на Кијану Ривс е токму неговата девојка, и дека парот е навистина заљубен „до уши“.Според странските медиуми, 56-годишниот актер е решен во следните неколку недели да клекне на колена пред својата избраничка, и да и го постави судбоносното прашање.

фото: профимедиа

“Можеби ќе се венчаат во Германија. Тие одлично се забавуваа таму за време на снимањето, живеат во еден од нивните балони додека е на сила карантинот, што ги приближи уште повеќе. Тие се согласуваат на сите полиња и нивната врска дополнително се зајакна” – вели извор близок на парот и додава:

“Кијану им рече на своите пријатели дека е подготвен да ја запроси својата девојка, и веројатно за време на Божиќните празници, тој ја смета Александра за своја сродна душа. Сите се пресреќни поради нив и едвај чекаат на официјалното објавување на добрата вест“.

Кијану Ривс пред некое време покажа дека воопшто не се грижи за злобните јазици, кои неговата избраничка ја нарекува со погрдни имиња.

To top