Киа Коцкар со својата победа во „Задруга“ стана една од најпопуларните жени во Србија, па сите го следаат нејзиниот живот.
Во „Задруга“, Коцкар освои 120 000 евра, а веднаш по реалното шоу таа настапуваше секоја втора вечер, при што за еден настап добива хонорар меѓу 3 000 и 5 000 евра.
„Киа се одлучи паметно да ги вложи парите. Купи стан од 120 000 евра, за автомобил издвои 23 000 евра, а за ресторан планира да издвои 130 000 евра. Свесна е дека нејзината популарност нема долго да трае, па затоа вложува пари, вели извор.
Киа на Инстаграм сподели фотографија од станот и напиша: „Конечно се вселив во мојот стан“.