Радио Милева

Кевин Костнер откри голема тајна од легендарниот филм „Телохранител“ со Витни Хјустон

Кевин Костнер откри голема тајна од легендарниот филм „Телохранител“ со Витни Хјустон

Актерот Кевин Костнер проговори за големата тајна од снимањето на филмот „Телохранител“ од 1992 година во која беше главна ѕвезда.

Имено, на плакатот за филмот Костнер не ја држи во раце пејачката Витни хјустон, туку нејзината двојничка. „На фотографијата не беше Витни. Таа замина дома, а девојката која ја носам е нејзината двојничка.

Секако не и се гледа лицето, бидејќи е потпрена на моето рамо, што беше и соодветно. Беше исплашена, бидејќи се работеше за сцена во која маса луѓе го прекинуваат концертот, вели актерот за EW.

Станува збор за фотографија која ја снимил пријател на Костнер,, Бен Глас, а актерот бил толку воодушевен од неа што предложил таа да биде на плакатот.

Меѓутоа, на шефовите не им се допаднала идејата, бидејќи во тоа време Витни била мега популарна и вистинска мамка за публиката. Поради тоа предложиле друга фотографија, но на крајот сепак е избрана оваа.

Останати вести од Радио Милева