Радио Милева „што правам?“

Кевин Харт заврши во инвалидска количка: Славниот актер и комичар и се обрати на јавноста за неговата состојба (видео)

Кевин Харт заврши во инвалидска количка: Славниот актер и комичар и се обрати на јавноста за неговата состојба (видео)

се здобил со сериозни повреди како резултат на тркање со неговиот пријател, поранешниот играч на „НФЛ“ Стивен Ридли.

„Дами и господа, 40-тите се вистинска возраст. За сите мажи и жени кои имаат 40 или повеќе години, тоа не е игра. Почитувајте ја таа возраст или таа возраст ќе ве натера да ја почитувате“, објасни Харт на почетокот на видеото.

Харт бил убеден дека е способен да се натпреварува на трката на нешто помалку од 40 метри и да биде побрз од својот помлад пријател, но на крајот завршил со повреди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kevin Hart (@kevinhart4real)

Комичарот решил да сподели дека е во инвалидска количка, за неговите обожаватели да не се грижат кога ќе го видат во јавност. Тој изјавил дека го повредил долниот дел од стомакот и внатрешниот дел на нозете и дека поради тоа не можел да оди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kevin Hart (@kevinhart4real)

„Зошто се тркам на оваа возраст? Што правам?“

Во коментарите добил пораки од своите колеги и пријатели Двејн Џонсон, Стив Харви, Вил Смит, Џејми Фокс кои му посакале побрзо опоравување, но му упатиле и по некоја шега за неговата ситуација.

фото/видео: Инстаграм

To top