Кети Пери во нејзиниот спот за песната „Never Worn White“ го покажа трудничкото стомаче и откри дека е бремена.
Кети и нејзиниот партнер Орландо Блум ќе станат родители на нивното прво дете. Неодамна, пејачката на социјалните мрежи го откри и полот на бебето, односно откри дека очекува девојче.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/keti-peri-go-otkri-go-polot-na-bebeto/
По овие прекрасни вести, извор близок на парот откри како ќе се вика наследничката.
„Девојчето ќе се вика Ен, Прл или Хадсон“ вели добро известен извор и наведува дека пејачката го бира името по нејзината баба.
„Нејзината баба е заслужена за тоа што Кети е денес. Фактот дека нејзината душа замина кога друга душа треба да дојде не е случајност“ вели изворот.

Странскиот медиум „Мирор“ се обидел да стапат во контакт со пејачката, но таа не била достапна да ги прокоментира овие пишувања.