Бремената пејачка Кети Пери овие денови поминува низ лош период.
Имено, откако почина нејзината баба, сега почина и мачката за која таа беше многу врзана.
Како што пишува магазинот „Ок“, Орландо и Кети ја одложија својата свадба поради коронавирусот. Меѓутоа, сега се појавија нови информации и детали, односно наводно дека своите планови за венчавка ги одложиле на неодредено време.
Сепак, како што пренесуваат странските медиуми многу се загрижени дали ќе случи таа свадба.

„Орландо е многу лут, додека пак Кети не знае како да се избори со оваа ситуација, губењето на бабата и домашното милениче. Таа мисли дека ова е знак од Господ и дека Орландо не е тој. Некои пријатели мислат дека таа потајно се радува што се откажа свадбата. Нејзиното семејство и пријатели се надеваат дека ќе успеат да ги решат проблемите и дека наскоро ќе уживаат во љубовта и бракот“ вели изворот.
Иако се шпекулираше дека ја откажале свадбата поради короната, изгледа тоа не е вистина. Орландо и Кети не ги прокоментираа овие пишувања.