Радио Милева

Кети Пери имаше незгода среде снимање на „Амеркански идол“ (видео)

Кети Пери имаше незгода среде снимање на „Амеркански идол“ (видео)

Кети Пери имала прилично непријатно влегување во емисијата „American Idol“, откако на сцената излегла облечена како сирена.

На претходното снимање на емисијата на пејачката ѝ се искинале панталоните, а во последната епизода доживеала и незгода, превртувајќи се од стол.

За време на неделната епизода на шоуто Американски идол, музичка суперѕвезда облечена како Ариел од „Малата сирена“ за да ја прослави ноќта на Дизни, паднала од стол.

Видеото од падот на Пери брзо се рашири на социјалните мрежи, а во видеото пејачката може да се види како со стапалата, т.е. перките седи покрај колегите од жирито Лук Брајан и Лајонел Ричи – потпирајќи се на масата.

Додека водителот Рајан Сикрест се подготвувал да го најави настапот, се слушнал силен тресок надвор од екранот и камерите се префрлиле за да ја покажат Пери на грб со перките во воздухот.

Брајан, Ричи и Сикрест се собрале околу Пери за да ѝ помогнат да стане, додека пејачката разиграно им мавта на гледачите. Публиката во студиото го скандирала нејзиното име во знак на поддршка.

Пејачката подоцна се насмеала на инцидентот, споделувајќи видео од несреќата на нејзиниот профил на Инстаграм.

„Со вртење на перките, нема да стигнеш предалеку“, напиша Пери во описот на снимката, користејќи стихови од песната „Part of Your World“ која е дел од филмот „The Little Mermaid“.

фото:принтскрин јутјуб

Останати вести од Радио Милева