Пејачката Кети Пери наводно го очекува своето прво дете со нејзиното момче, а од неодамна и нејзин свршеник Орландо Блум, шпекулираат американските медиуми.
Овие шпекулации започнале кога Кети била видена во недела со поголем стомак кога со својот партнер била на една вечера во ресторан во близина каде што живеат.
Друг извор тврди дека таа два пати наздравила со вода наместо со вино.
Нејзиниот претсвник за медиумите истакна дека не го коментира нејзиниот приватен живот, па со тоа ниту ги потврди ниту демантира пишувањата.