За најплатена пејачка во светот на музиката оваа година на прво место на листата на Форбс е Кети Пери која меѓу јуни 2017 и јуни 2018 година заработила 83 милиони долари.
До оваа заработка дошла со турнејата „Witness“, во која имаше 80 концерти. Пери на прво место се најде и во 2015 година кога со турнејата „Prismatic“ и дополнителна продажба заработила 115 милиони долари.
На второ место се наоѓа Тејлор Свифт која заработила 80 милиони долари благодарение на турнејата „Reputation“ и на продажбата на истоимениот албум.
На трето место се наоѓа Бијонсе која заработила 60 милиони долари.
На четврто место е Пинк со заработка од 50 милиони, а 30 милиони заработила Лејди Гага.