Радио Милева

Кети Пери е бремена: Во новиот спот го покажа трудничкото стомаче и го воодушеви светот (видео)

Кети Пери е бремена: Во новиот спот го покажа трудничкото стомаче и го воодушеви светот (видео)

Пејачката Кети Пери е бремена, а ова вест ја потврди во нејзиниот нов спот за песната „Never Worn White“ кој го објави утринава во 6 часот по наше време.

Во видео записот пејачката прво носи бел фустан во кој не се гледа стомакот, но на крајот во проѕирна комбинација го покажува трудничкото стомаче.

„Многу ми е драго што повеќе не мора да го кријам стомакот“ напиша Кети на Твитер.

Ова е прво дете за Пери, додека нејзиниот свршеник Орландо Блум има син.

To top