Радио Милева прва роденденска радост

Ќеркичката на Викторија Јаначковиќ го прослави првиот роденден: „Ти благодарам Боже за се’!“ (ФОТО)

Ќеркичката на Викторија Јаначковиќ го прослави првиот роденден: „Ти благодарам Боже за се’!“ (ФОТО)

Викторија Јаначковиќ, една нашите најпознати манекенки и некогашна мисица, екс дама од политиката и дипломиран стоматолог се  врати во модниот свет како едно од заштитните лица на модната куќа ЕЛ, во првиот месец од минатата 2023 година на социјалните мрежи ја изненади јавноста со веста дека  станала мајка!

Откако се дозна дека Викторија на свет донела девојче, љубопитните душегрижници веднаш почнаа да се интересираат кој е таткото на детето, дали е и сопруг на Јаначковиќ, кога стапила во брак…? Но, бившата мисица веднаш ги „урна“ сите нагаѓања и претпоставки,  обзнанувајќи дека нема намера да се мажи за таткото на своето дете, кој  патем,  за македонската јавност беше непознат, зашто е странец и не е државјанин на Македонија. Но тоа не значи дека таа и таткото на најзиното дете не се во контакт и постојана комуникација, и дека немаат добри релации  како и секои грижливи родители, без оглед што официјално не се врзани со никакво брачно парче хартија, односно не се венчани.

Една година подоцна, малечката убавица која го доби името Никита го прослави својот прв роденден.

Свечено славенички променета како малечка принцеза, слатката убавица во присуство на мама, баба, семејството и блиските пријател(к)и на Викторија почувствува како е да си за прв пат главна на денот што го чекаме цела година.

Честитки, бакнежи, прегратки, најубави желби и дузина подароци за малечката убавица која уште сега неизмеро личи на мама… Или што би рекле, убавица од мали нозе… Уште од пелени!  А принцеза како принцеза, без круна не ја бидува, како ни роденден без роденденска торта.

И обете слатки у убави, а мама и баба најрадосни и најнасмеани…

Впрочем, среќата од лицата им се чита,  а како и не би, кога првиот роденден го слави нивната мала наследничка Никита!

Како прва епизода од нивната најубава семејна сторија или…  „Ти благодарм Боже за се’“ – што би рекла мама Викторија!

Фото: Фаејсбук/Viktorija Janackovic

 

 

To top