Радио Милева
прва роденденска радост

Ќеркичката на Борко Ристовски го прослави првиот роденден: Малечката принцеза татина и мамина, срцето им го стопи од убавина (ФОТО)

Ќеркичката на Борко  Ристовски го прослави првиот роденден: Малечката принцеза татина и мамина, срцето им го стопи од убавина (ФОТО)

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Николина во последниот ден на првиот месец од минатата 2023 година станаа родители по вторпат.

Тогаш на свет дојде малата принцеза Анастасија, а 31-ви јануари стана важен датум во нивните животи. Убавата вест уште од породилиште ја сподели среќната мајка која тогаш напиша:

„Ѕвездата пристигнува последна. Секој јануарски ден те чекав да дојдеш и секогаш тоа беше до утре. Моја Анастасија, сосема на време да се заљубам уште еднаш по првпат, напиша Нина во прилог на неколкуте фотографии кои се најдоа на нејзниниот Инстаграм профил“.

Оттогаш мина една година, а малечката убавица во последниот јануарски ден во оваа 2024 година го славеше својот прв роденден. А, денот што го чекаме цела година е еден од оние посебните… Нему најмногу му се радуваме, особено кога сме помали. Додека сме деца едвај чекаме да дојде, зашто со него доаѓаат и честитките, убавите желби, подароците, ни доаѓаат другарчињата на прослава… Па не е секој ден роденден, нели? Но, на првиот роденден во животот, кога  се’ уште сме премногу мали да ги разбереме нештата околу себе, на првата годишнина од нашиот датум на раѓање најмногу се радуваат родителите и најблиското семејство.

Така беше и во овој случај кога малечката Анастасија го славеше првиот роденден. Меѓу грст плишани играчки, дузина балони и се разбира роденденската торта, малата синоока убавица во друштво на нејзиното постаро братче Душан, весела, радосна и насмеана се забавуваше и безгрижно си играше за време на роденденската прослава на семејството.

Дотерана како манекенка, малата Анастасија иако можеби несвесна дека тој ден е за прв пат роденденка и тоа како уживаше во радоста која се случуваше во семејното гнездо.

„Живот татин ! Биди ми жива, здрава и секогаш насмеана. За се останато јас сум тука да бидам покрај тебе додека дишам. Среќен роденден љубов моја“ – напишал Бороко во првата роденденска честитка на својата ќеркичка!

 

 

Ниту мама Нина не штедеше зборови и роденденски комплименти за својата мала славеничка, па покрај фотографиите напишала:

„Среќен роденден моја радост, моја насмеана принцезо. Мое око магично…Мое небо ѕвездено… Те сакам многу и лудо. Срцето ми го топиш од убавини. Ти благодарам што си моја, Анастасија“!

Денот што го чекаме цела година за прв пат го прослави  слатката ќеркичка на Борко и Нина. Нека и е среќен и вечен роденденот на малечката убавица и нека го слави заедно со семејството довека!

Фото: Инстаграм/ninaristovska/borko12ristovski

Останати вести од Радио Милева