Празниците се идеално време за нов почеток, но некои токму тие денови одлучуваат да стават крај на она што им го уништува животот. Може да биде и љубовна приказна.
Така Кристина Митровиќ, ќерката на Жељко Митровиќ, во првите денови од Новата Година раскина со богатиот Казахстанец Илија, еден од најмладите милијардери во светот.
Причината или причините им се познати само на двајцата. Ќерката на Жељко Митровиќ сега за првпат се огласи на Инстаграм, па можеби вреди да се прочита меѓу редови…
„Бог ви открива одредени работи со причина. Не го игнорирајте она што ви го покажува. Му благодарам на универзумот што ми го покажа она што требаше да го видам. Јас сум навистина најсреќната девојка на светот“.
Кристина и Илија се запознале додека двајцата студирале во Англија. Тие се свршија во септември 2020 година, но наместо свадбени ѕвона и раскошна венчавка, решија да тргнат по својот пат.
фото: Инстаграм