Радио Милева детска љубов

Ќерката на Жељко Митровиќ до неодамна беше во врска со милионер, а претходно ова познато момче беше нејзината голема љубов (фото)

Ќерката на Жељко Митровиќ до неодамна беше во врска со милионер, а претходно ова познато момче беше нејзината голема љубов (фото)

Првата љубов на Кристина Митровиќ беше невина, детска и полна со романтика. Имено, ќерката на Жељко Митровиќ, која неодамна ја заврши двегодишната свршувачка со милијардерот Илија, пред него била вљубена во момче, чие лице сигурно го знаете од малите екрани.

Кога првпат се пишуваше за емотивниот живот на ќерката на Жељко Митровиќ, причина за тоа беше првата љубов на Кристина Митровиќ, Игор Лазаревиќ.

Игор тогаш беше финалист во првата сезона на популарното натпреварување „Пинкови ѕвездички“, а двајцата не ја криеја својата романса. Тие беа заљубени тинејџери, а нивните фотографии на мрежите броеа илјадници лајкови. После една година љубов дојде крајот, но за ова раскинување тогаш не се зборуваше многу.

– Моментално не сум во врска со ќерката на Жељко Митровиќ, Кристина. Не би сакал да зборувам на таа тема и приватноста ја чувам само за себе – изјави Игор за медиумите кратко по раскинувањето во 2018 година.

Кристина не се огласи на таа тема, а јасно беше дека тргна од јавноста кога на својот „Инстаграм“ ги избриша фотографиите со црномурестиот Игор и ги замени со фотографии со русокосиот милијардер, со кој уживаше љубов три години.

фото:Инстаграм принтскрин

To top