По трагедијата која ја преживеа, Анастасија Ражнатовиќ со своето момче Немања отпатува во Сен Тропе, каде што, судејќи по видеата и фотографиите, одлично се забавуваат. Младиот пар реши да се опушти и да ужива ова лето бидејќи зад нив е многу стресен период.
На Азурниот брег изгледа заборавија на сите свои проблеми, па на социјалните мрежи се појавија нивните забавни видеа. Наследничката на Цеца била толку среќна и расположена што ја понесела атмосферата, па почнала да ги крши чиниите во ресторанот каде биле на вечера.
Имено Анастасија седела на маса, а потоа земала две чинии и започнала да ги крши еден со друг додека не се искршат до крај.
Цело ова време таа не ја тргала насмевката од своето лице, па со ова уште еднаш докажа дека добро знае да се забавува кога е расположена.
Снимката на која Анастасија ги крши чиниите ги воодушеви нејзините следбеници, а нема сомнеж дека Немања додека гледаше што прави неговата свршеница се намуртил, бидејќи се плашел да не се повреди, иако истото и тој го направил пред неа.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Анастасија Ражнатовиќ