Војната меѓу Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ трае повеќе од две децении, а пејачките се почесто се гледаат во судницата поради нивниот однос. Нивната кавга никогаш не се прелеа на нивните наследници, па Анастасија Ражнатовиќ од една и Атина и Ника Тошиќ од друга страна јавно не се оглација за односот на нивните мајки.
Но, сега на тоа му дојде крајот, бидејќи Ника го прекина молкот и го кажа своето мислење за Цеца Ражнатовиќ на својот профил на TikTok, каде ја следат повеќе од 20.000 луѓе.
Ника е доста активна на оваа социјална мрежа, каде објавува како пее или танцува на бројни песни од домашни и странски уметници. Помеѓу бројните коментари кои ќерката на Јелена Карлеуша ги добива на своите објави, се појави и едно конкретно барање.
– Би било хит доколку се снимате со песната на Цеца – изјавил еден корисник на оваа социјална мрежа. Ника кратко му одговори:
– Но, јас не ја слушам Цеца.
Многумина веруваат дека ова е првпат Ника јавно да ја спомене фолк дивата. Иако не кажа ништо лошо за Цеца и не беше злонамерна, нејзините следбеници се убедени дека наследничката на Карлеу зазеде цврст став во однос на ривалката на нејзината мајка.
фото:Принтскрин/Инстаграм/Тик Ток