Џина Џиновиќ, ќерката на пејачот Харис Џиновиќ, моментално престојува на Малдивите каде секојдневно се огласува.
Џина ужива во целосен луксуз на оваа далечна дестинација, а секој момент поминат на плажа го доловува со фотографии кои ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.
На својот Инстаграм профил често објавува провокативна фотографија, а така беше и овој пат.
Имено, ќерката на Харис позираше во минијатурни црвени бикини. Таа прво облече бела наметка на плажа, а кога ја соблече, на мажите им паднаа вилиците.
Џина ја покажа својата позадина, се сликаше во огледало, а коментарите за нејзиниот изглед постојано доаѓаа.
Инаку, ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ им призна на своите следбеници дека ги уредува своите фотографии во фотошоп и поради тоа изгледа „совршено“.
– Јас не сум „слаба“, само навистина сум добра во фотошоп, но не сум ни дебела, искрено. Само се шегувам топ сум , но многу фотошопирам. Немам поим, кога сакам да ослабам земам исхрана што ти ги доставуваат за тој ден што да јадеш– одговорила на прашање кое и го поставила една девојка на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Фото: printskrin/instagram/djinadzinovic