Во видеото кое го објави Кенсингтонската палата, а во кое се прикажани најубавите и најдрагите моменти од претходната година, најмногу се појавува Меган Маркл.
Оваа година беше важна за кралското семејство, од раѓањето на принцот Луис, две кралски веначавки и неколку турнеи.
Кралската палата по повод на крајот на 2018 година објави видео во кое се прикажани сите најдобри и најважни моменти.
Во видеото кое трае 3 минути, многумина забележаа дека најмногу се појавува Меган Маркл.
Имено, Меган во видеото се појавува повеќе од 30 пати, а војвотката Кејт Мидлтон се појавува 23 пати.
Видеото започнува со сцената каде што трудната Кејт Мидлтон седи во училиштетото со децата.
Во ова кратко видео прикажно е и првото појавување на Кејт и Вилијам со синот Луис, венчавката на Меган Маркл и принцот Хари, Меган и кралицата на првото службено патување…
Here are some of our favourite moments from 2018 — thank you to everyone who made this year so special. See you in 2019! pic.twitter.com/2GiUvI7QnX
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) December 29, 2018