Војвотката од Кембриџ е супер жена. Постојано е на нозе, трча по децата или по обврските, секаде пристигнува на време и сето тоа со секогаш совршен стајлинг и широка насмевка. Не е ни чудо што многу луѓе се прашуваат дали Кејт Мидлтон има клон.
Која е тајната? Дали таа навистина има некои супермоќи? Како што открива британскиот HELLO!, нејзиното главно оружје се вика – појадок. Најважниот оброк, велат лекарите, бидејќи го обновува телото по неколкучасовен ноќен глад и му обезбедува доволно енергија за ден исполнет со обврски.
Кејт сака да појадува со сопругот и децата, тоа е ритуал во кој сите уживаат. Денот започнува со смути, поточно комбинација од кељ, спирулина алги, листови од зелен чај, спанаќ, коријандер, зелена салата и боровинки. Чаша полна со витамини и добра енергија.
Но, тоа не е се’. Задолжителна е чинија овесна каша, за која нутриционистите тврдат дека е најдобрата опција за здрав појадок бидејќи содржи високо ниво на влакна, протеини, минерали, калциум, витамин Б. Овесот е одличен за дигестивниот систем и го држи холестеролот под контрола и има безброј други добри страни.
Кога ќе пристигне, војвотката наутро прави лесни вежби. Сепак, појадокот е на прво место.
фото:Getty Images