Радио Милева способна жена

Кејт Мидлтон свирејќи на пијано ја воодушеви јавноста и ја поддржа Евровизија (видео)

Кејт Мидлтон свирејќи на пијано ја воодушеви јавноста и ја поддржа Евровизија (видео)

Кејт Мидлтон ја воодушеви јавноста свирејќи на пијано и со тоа покажа дека е жена која е способна за се.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон учествуваше во воведната секвенца на долгоочекуваното финале на Евровизија и ја воодушеви јавноста со својот изглед.

За големото финале, принцезата од Велс им се придружи на мноштвото изведувачи за воведната шпица.

Во него се појавуваат минатогодишните шампиони, оркестарот Калуга, кои ја изведуваат својата победничка песна Стефанија од метро станицата „Мајдан Незалежности“ во срцето на Киев, Украина.

Придонесот на принцезата во филмот вклучуваше кратка, инструментална изведба на пијано, креирана од Џо Прајс и Којо Самуел, а снимена претходно овој месец. Нејзиниот краток сегмент е снимен во замокот Виндзор.

Кејт изгледаше прекрасно во кралско сина тоалета со едно рамо додека настапуваше на пијано. Таа во оваа прилика уште еднаш на светот му покажа зошто е достојна за кралското семејство, како и дека е подготвена да се справи со секоја прилика.

Не е првпат Кејт да ја импресионира јавноста со своите вештини на пијано. Во декември 2021 година, таа ги изненади своите обожаватели со прекрасна изведба на пијано на нејзиниот концерт.

Јавноста е воодушевена од нејзината постапка, а се чини дека овој потег и донесе уште еден плус.

Фото: Принтскрин/РТС/Ендрју Милиган /Профимедиа/Јутјуб

To top