Недолго по смртта на кралицата Елизабета Втора, Кејт Мидлтон остана без приватна секретарка кога нејзината долгогодишна десна рака, дипломатката Хана Кокбурн Лоџ, поднесе оставка.
Сепак, се чини дека неуспешната потрага по нејзината замена се уште трае. Имено, функцијата привремено ја презеде асистентката Натали Бароус, која во тимот на Кејт е од 2017 година. Сепак, Кејт сака личност со највисоки квалификации за оваа позиција, а верувала дека ќе ја пополни 51-годишниот експерт за односи со јавноста и поранешна помошничка на познатиот готвач Џејми Оливер – Алисон Корфиел.
Сепак, изгледа дека таа решила да ја одбие оваа многу барана позиција, а причината е преголемата медиумска експонираност што би ја добила со тоа.
Инаку, Кејт во последно време се соочува со многу непријатни ситуации, а последната особено ја заинтригира светската јавност. Имено, по повеќемесечни гласини за тајната врска на неговиот син Вилијам и Сара Роуз, Маркионеса од Чолмондел, кралот Чарлс Трети решил да ги награди неа и нејзиниот сопруг, па им понудил нови титули.
Заради се, може да се прочитаат коментари дека „историјата се повторува“, бидејќи тоа што кралот некогаш и го правел на принцезата Дијана, сега и го прави на својата снаа Кејт Мидлтон.
Инаку, седмиот маркиз од Чолмондели, Дејвид и неговата сопруга Сара Роуз Ханбери се првите соседи на принцот Вилијам и Кејт на имотот Сандрингем. Кралот сега им понудил нови титули во кралското семејство, односно ја унапредил двојката.
Фото: Принтскрин/Профимедиа