Британското кралско семејство има строги правила кои неговите членови мора да ги почитуваат.
Одредени правила често изгледаат бесмислени, а едно од нив е дека членовите на монархијата не смеат да прават селфи. Затоа многумина беа изненадени од она што принцезата од Велс Кејт Мидлтон го направи на неодамнешниот настан.
Имено, таа како дел од својата нова компанија го посетила британскиот град Лидс и еден од неговите маркети, каде разговарала со луѓето кои работат на тој пазар. Во моментот кога минувала низ толпата, маж ја замолил да се фотографира со неа, што таа со задоволство го прифатила, а потоа направиле селфи.
The Princess of Wales very sweetly calms a man’s nerves when he asked her for a selfie at @LeedsMarkets. “We all get nervous” #ShapingUs @GBNEWS | @Earlychildhood pic.twitter.com/fRuaKp4ZJD
— Cameron Walker (@CameronDLWalker) January 31, 2023
„Извинете, навистина сум нервозен“, и рекол мажот, а може да се слушне на видеото кое се појави на Твитер. „Ве молам, не грижете се. Во ред е, сите понекогаш стануваме нервозни“, одговорила Кејт. Принцезата од Велс веќе еднаш го прекршила правилото за селфи, кога со Вилијам посетила болница и направила селфи со медицинските сестри.
Фото: Принтскрин/Профимедиа