Драган Којиќ Кеба во вторникот удри во девојка на пешачки премин во Белград, поради што против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сообраќајот.
Српските медиуми пренесуваат дека на пејачот му бил направен алко-тест кој покажал дека не конзумирал алкохол, но и дека постојано бил до девојката по несреќата.
Кеба за српски „Ало“изјавил дека е важно само што девојката е добро.
-Во голем шок сум, но важно таа е добро. Јавно се извинувам на девојката и нејзиното семејство. Бев со неа целото време и фала му на Бога дека е во добра состојба, прегледана е и пуштена дома… Не знам што друго да ви кажам, вели Кеба.