Поранешната учесничка на „Задруга“ Тара Симов е во блажена состојба, а наскоро ќе стане мајка на девојче.Таа не ја крие среќата за бременоста, а убавата вест неодамна ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
Недолго потоа Тара и нејзиниот партнер дознале дека носи девојче, а радоста ја прославиле со своите пријатели.
Сепак, она што ги загрижи сите е најновата приказна на Тара на Инстаграм каде таа откри дека во бременоста се справувала со голем проблем. Имено, старлетата со македонско потекло има камења во бубрезите, па ја искористила приликата да ги праша своите следбеници за совет и искуства.
„Камен и песок во бубрегот за време на бременост, искуства? Ќе умрам“ – напиша Тара Симов.
Патем, деновиве престојуваше во Скопје, кде најпрвин беше гостинка во јутјуб подкастот на Стефан Лазаров, а потоа не пропушти да прошета до убавата Матка.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/tarasimov