Радио Милева семејството е број еден

„Ќе биде голем предизвик“ – Братот на Новак Ѓоковиќ за прв пат проговори за приновата (фото)

„Ќе биде голем предизвик“ – Братот на Новак Ѓоковиќ за прв пат проговори за приновата (фото)

Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата избраничка Сашка Веселинов Ѓоковиќ неодамна открија дека за прв пат ќе станат родители, а додека таа отворено зборува за својата идна улога, тој сега за прв пат откри како се чувствува.

Младиот пар изјавил дека на почетокот на нивната врска одлучиле како ќе се викаат нивните деца.

– Имаме две имиња, едно машко и едно женско, така што немаше преговори кога дознавме дека сум во блажена состојба. Ѓоле требаше така да се вика, но мајка му во последен момент му го смени името и го нарече Ѓорѓе, а ако  јас ви ја  раскажам мојата верзија на приказната, ќе можете  многу лесно да  дознаете, така што  овој пат ќе бидам мистериозна – рече еднаш Сашка Веселинов за домашните медиуми.

Најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ деновиве напорно работи на организацијата на турнирот „Србија опен“ кој започнува на 16 април, а кој, како што вели, ќе падне токму во периодот кога може да се очекува проширување на нивното семејство.

– Ќе биде голем предизвик, бидејќи се ќе се случи за неколку дена. Семејството секогаш е на прво место, така било и секогаш ќе биде. Работата е апсолутно важна, но кога станува збор за семејството, таа е број еден. Фала му на Бога, имам сериозен тим зад мене. Се ќе се случи во тој одреден период, па со нетрпение чекаме – изјавил Ѓорѓе Ѓоковиќ за „К1“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тв К1/ Јутјуб

To top