Радио Милева шпекулации

„Кажав да“: Дарко Лазиќ ја запроси Барбара Бобак? (фото)

„Кажав да“: Дарко Лазиќ ја запроси Барбара Бобак? (фото)

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата девојка Барбара Бобак се во Америка каде што имаат настапи, а слободното време го користат за да уживаат во романтичните моменти.

Откако се во врска, Барбара на својот „Инстаграм“ постојано објавува фотографии кои ги добива од пејачот. Меѓутоа, со последната објава покрена прашина.

Имено, таа објави фотографија од часовник, а во описот напиша: „Кажав да“, па многумина помислија дека Дарко ја запросил својата девојка.

„Јас убаво му кажав на Дарко, двапати по ред не ми одеше, свршувачка, деца, се наопаку, затоа заврши како што заврши. Јас сакам се по ред. Прво некоја голема свадба, па потоа деца. Засега живееме заедно и убаво ни е“, изјави Барбара неодамна.

За потсетување, Дарко беше во брак со Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена, а од врската со Марина Гагиќ го има синот Алексиј.

To top