Неодамна некогашната „Ѕвезда на Гранд“, Александра Пријовиќ се омажи со посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ и заплива во брачните води.
Брзо по нејзината свадба, уште неколку нејзини колеги и колешки си го дадоа зборот и го покажаа свршувачкиот прстен.
По Марина Станковиќ и Стеван Анѓелковиќ, уште една „Ѕвезда на Гранд“ се сврши. Дечкото на Надица Адемов ја запроси пејачката, а таа на социјалните мрежи го покажа свршувачкиот прстен.
„Да“, напиша Надица во описот на фотографијата, а изгледа дека нејзиниот дечко Ненад ја изненадил во Виена. Парот во интимна атмосфера ја прославил свршувачката.