Македонскиот пејач Давид Темелков кој гради кариера и во Хрватска ја запроси својата девојка Елена Јунг, а таа кажа „да“.
Се тоа се случи на „Глазбено лето“ во Градишка. Имено, пејачот ја запроси својата девојка на јавно место. Тој излезе на сцената и на својата девојка го постави главното прашање.
Целата атмосфера од запросувањето ја снимаше водителот Далибор Петко кој воедно и беше водител на програмата.
„Ова се случи“, напиша тој и објави снимка на која Елена стои збунета на сцената. Таа на микрфон кажа „да“, а потоа потрча во прегратки на Давид.
„Се запознавме по концертот на Тони Цетински и тоа на забава по концертот на која случајно се удрив со Елена. Не знаев која е таа, ни таа не знаеше кој сум јас. Уште на првата средба се родија искри меѓу нас. Не знам што ме привлече кај Елена, но тоа е нешто посебно“, изјави Давид
„Веднаш ме привлече неговата насмевка, но и неговата симпатичност. Ми беше итнересно што на почетокот не знаеше хрватски јазик, па се смеевме. Ја сакам неговата скромност“, изјави Елена.
Публиката го запозна Темелков преку неговото учество во „Х фактор“. Тогаш, Тони Цетински го забележа Давид со кој подоцна и стана пријател, а