Своевремено важеше за една од најубавите и најатрактивни пејачки во златните денови на македонската фголк естрада иако се проба и во забавните води. Русокоса, згодна, со впечатлива природно виткана коса, упадливо нашминкана, Јасмина Мукаетова беше препознатлива и визуелно и по својот глас.
И кога сите очекуваа дека ќе направи голема кариера, кавадаречката убавица преку ноќ исчезна од естрадата, ама и од земјата. Имено, Мукаетова ја погодија ам,оровите стрели, па љубовта и донесе „понуда што не може да се одбие“ и замина за Америка.
Оттогаш мина повеќе од една деценија, а за Мукаетова малку се слуша и знае дома. Таа се омажи за својот сакан Трајче, по потекло кавадарчанец од Њу Џерси во 2008 година.
Основаа семејство, Јасмина роди две машки деца, синовите Диме и Зуко и со својот Тале имаат семеен бизнис.
Јасмина очигледно исполнета и среќна, преку океанот го живее својот американски сон, а песната ја остави настрана, за ретки прилики, како што беше онаа минатото лето, кога Јасмина и сопругот на годишницата од бракот, по десет години од американската свадба во Лас Вегас, решија да направат и македонска.
За сите роднини, другари, соседи, пријатели, колеги… кои тогаш ги собраа во ресторанот во винаријата во Градско, па се пееше и славеше до зори, со колегите – ѕвезди од македонската, но и од српската фолк естрада, а за микрофонот се фати и невестата!
Мукаетова, впрочем речиси секое лето редовно се враќа на кус престој во родната Македонија, а МТВ неодамна не ја пропушти можноста како јавен и национален сервис, да ја повика во една од своите магазински емисии.
Во меѓувреме иако можеби активно и професионално не се занимава со музика, Мукаетова не ја заборавила македонската песна, па последното што го направи е преработката на македонскиот фолк бисер, „Дејгиди, луди млади години“, која во нејзина изведба можете да ја проследите подолу, како и визуелизацијата на истата во прекрасното видео.
Иако Мукаетова како да „скарана со годините“, па изгледа речиси исто, како воопшто да не се променила и остарела, изборот на песната веројатно кажува нешто друго… Како чувствува душата!
Ама, како и да е, едно е сигурно: И со гласот и со стасот им русокосата кавадарчанка гордо им пркоси на времето и годините!