Катарина Живковиќ удри по Станија: Ми е срам од таа девојка која нема мозок
По инцидентот во „Задруга“, кој беше предизвикан од страна на Владимир Томовиќ, немирите не стивнуваат.
По бруталниот напад на Александра Томовиќ во реалното шоу, Србија се подели на две групи: оние кои не го оправдуваат физичкото насилство врз жените и оние кои го оправдуваат она што го направи насилникот.
Така да во реалното шоу, Станија истакна дека Александра го предизвикала Владимир и дека добила она што го заслужила.
Оваа изјава никој не остави рамнодушен, па така се огласи и Катарина Живковиќ на Инстаграм.
„Драги мои, мајки, дами, сестри, ќерки, пријателки…сите кои некогаш сте претрпеле физичко насилство. Не се насилниците криви што физички ве напаѓаат, вие сте криви што сте ги предизвикале со лошо однесување . Секако дека сум иронична. За насилството нема оправдување и се срамам од ова девојка која нема два грама мозок“, стои во објавата на Живковиќ.