Катарина Живковиќ неодамна влезе во конфликт со Сања Маринковиќ кога водителката од емисијата „Магазин ин“ не го објавила одговорот на провокативно прашање на пејачката.
Живковиќ сега повторно ја поткачи водителката на Пинк.
-Доживеав да ме понижи. Стојам зад секој кажан збор. Да го вратам времето, повторно би го кажала истото. Не можам да дозволам такво нешто, изјави Каќа.
-Си лекува фрустрациите низ нејзината емисија, би требало да ангажира експерт и да го реши тоа. Ги лечи комплексите, овде не ја напаѓам телевизијата туку дотичната водителка. На луѓето им е преку глава од стеротипи, какви се мажите, какви се жените…Ако не се согласуваш тогаш се прашува: „Па зошто дојде“, вели Живковиќ.
Инаку, откако Катарина ја нападна Маринковиќ, пејачката е забранета на „Пинк“.
фото: Инстаграм/катарина живковиќ/сања маринковиќ