Најпознатата македонска манекенка и топ модел Катарина Ивановска одново го покажа сиот свој телесен раскош разголена. Не е ништо ново ниту на Кики и е прв пат.
Она што станува забележливо е тоа што Катарина како по правило продолжи празниците да ни ги честита – топлес.
Оваа практика по се изгледа и стана навика, па по новогодишната топлес честитка до своите пријатели, фанови, следбеници, кога манекенката избра на себе да има само бели панталони, овој пат во сличен стил им го честиташе и Велигден.
Само што овој пат велигденската топлес честитка стигна од една од познатите дестинации кај јужниот сосед, каде многумина Македонци и Македонки решија да го минат празникот, а истата е од плажа, само по долен дел од црни бикини.
Велигденски јајца не видовме, ама затоа моделот покажа со што располага и како изгледа по породувањето и тоа од задна перспектива.
Но топлесот и разголувањето воопшто на Ивановска во последно време како се повеќе да и станува навика. И приватна, како што може да се види и секако, работна.
Така, таа неодамна исто така се соблече до гола кожа за потребите на последната рекламна фотосесија на едно ново место за разубавување кое се отвори во македонската метропола.
Со ваква реклама и заштитно лице успехот не им бега. Патем, домаќините покрај тоа што се потрудиле да го одберат и обезбедат најпознатиот и најскапиот модел, се потрудиле да покажат и од каде им била инспирацијата за рекламниот фотошутинг!?
Кики како Наоми? Добро, можеби не е исто, ама за македонски услови е повеќе од добро.