Познатата манекенка Катарина Ивановска е горда мајка на две дечиња, синчето Вања и ќеркичката Кира со која се породи кон средината на месец септември.
Иако е во постпартум период, манекенката изгледа соврешно, како никогаш да не била бремена. Кога се во прашање нејзините деца, таа многу ретко објавува фотографии со нив, понекогаш само ситни детали, но никогаш не ги покажува нивните лица.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tri-generacii-katarina-ivanovska-pozirashe-zaedno-so-majka-si-i-svojata-mala-naslednichka-kjerkichkata-kira-foto/
Но, за мајчинството како најубавата улога во животот на една жена, секогаш отворено и гордо зборува.
Доењето во јавност кај нас се уште е таму тема, а Катарина овој пат не зборуваше за тоа, но реши да прекрши едно табу кога е мајчиното млеко во прашање и промените кои му се случуваат на женското тело.
Таа се фотографираше со мокра маичка, односно дамка од претеченото мајчино млеко преку маичката.
Фотографијата едноставно, но доволно моќно ја опиша со зборот „мајка“, а со тоа сакаше да покаже дека не е страшно кога млечните гради ќе го направат тоа и дека таа нема што да сокрива.