Се повеќе познати Македонци пред официјалниот старт на летото, убавото топло време го искористија за ран одмор на море во Бодрум – Турција.
Меѓу нив беа: Лила Филиповска, Ване Маркоски, Елена Стефановска, Сара Мејс и Димитар Атанасовски, а сега и Катарина Ивановска и Перо Антиќ.
View this post on Instagram
Откако во медиумите се појавија информации дека манекенката и претседателот на Македонската кошаркарска федерација се во врска, им им требаше повеќе време за делумно да потврдат дека се заедно, па постојано имаа доза на резерва во одговорите.
И токму кога можеби некои помислија дека дошол крајот на нивната романса бидејќи воопшто не ја покажаа јавно својата љубов, тие открија дека се заедно на одмор во Будрум.
Сепак, ниту таа, а ниту тој не објавија заедничка фотографија, но ставија јасно до знаење дека се заедно во Турција, Перо ги споделуваше нејзините фотографии оттаму на Инстаграм, а и Катарина неговите со означени имиња – сосема доволно да потврдат дека заедно поминуваат еден романтичен одмор на море.
Убава храна, амбиент, сонце, вода, плажа и секако сето тоа зачинето со страст кон своите афинитети и со стил за доза на резерва како и вообичаено.
фото:IИнстаграм принтскрин/катарина Ивановска/Перо Антиќ